Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жителите на Богданци вчера се изјаснија за запирање на изградбата на рудникот Казандол во Валандово, но и да не се отвараат рударски комплекси во нивната општина. Над 97 отсто од гласачите во Богданци коишто излегоа на гласање заокружиле против на референдумските прашања.
Од 6.918 запишани гласачи во Избирачкиот список, официјално на гласање излегоа 4.231, изјави за МКД.мк претседателката на Општинската изборна комисија Венера Зелева.
За првото прашање Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол? против гласале 4.120 гласачи, за се изјасниле 71, а 40 ливчиња биле неважечки.
Венера Зелева Според Зелева, за второто прашање Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање рудници на територијата на општината? против гласале 4.126, „за“ биле 66 гласачи, а неважечки биле 39 ливчиња.
Општинската изборна комисија сега има рок од три дена да ги достави резултатите до Советот на општинатата за натамошно постапување.
Инаку, општината Богданци е првата општина која кажа не за Казандол. Наредната недела ќе се изјаснуваат жителите на Дојран, а во Валандово веќе се собрани потребните потписи и се чека одлука на општинските власти за организирање референдум.
Претходно на референдум излегоа жителите на Гевгелија кои гласаа против отворање рудници на злато на планината Кожуф.