Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Седумгодишниот патердејл териер Мици исчезна од својот дом во ангискиот округ Јоркшир пред шест години. Нејзината сопственичка Шерил ја барала неколку месеци, но на крај се помирила со тоа дека најверојатно никогаш повеќе нема да ја види својата миленичка.
Кога кутрето исчезнало, Шерил имала само едно дете синот Елиот. Но денес таа има четири синови, а згора на тоа и две кучиња.
„Изгубив секаква надеж, си мислев дека Мици е мртва и никогаш повеќе нема да ја видам“, раскажува Шерил.
Шест години подоцна, сепак, една двојка на прошетка ја забележале Мици на улица во еден соседен град и ја однеле до ветеринарната клиника. Со помош на микрочипот, ветеринарите Зои Џексон и Џулијан Нортон го пронашле сопственикот и стапиле во контакт.
Шерил мислела дека за шест години кучето ја заборавило, но се излажала. Мици веднаш ја препознала и со радост почнала да ја бакнува.
Сега Мици повторно ќе треба да се привикнува на стариот живот, но во поголемо семејство.