Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја казни грчката компанија Актор со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградба на автопатот Демир Капија кон Смоквица, пишуваат грчките медиуми Прототема и Катимерини, пренесува Нова.
Случајот се нашол под лупа на јавен обвинител по доказите што ги собрала ОЛАФ.
Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на дваесетиосумкилометарската делница, а името на Актор стана актуелно во 2014 година, кога СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра. СДСМ презентираше документи и тврдеше дека грчки државјани, преку преставништвото на грчката фирма Актор во земјава, подигале милиони евра во кеш од филијала на Стопанска банка во Неготино.
Прототема исто така пишува дека некои од вработените подигале месечна плата од 110.000 евра. Од основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред две години изјавија дека преземаат активности и прибираат докази кои се неопходни за расветлување на случајот Актор.
Пред две години, по налог на грчкото државно обвинителство, грчката финансиска полиција го уапси сопственикот на Актор, Леонидас Боболас, за даночно затајување и за долг кон државата.