Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Барселона го осигура најголемото засилување. Имено, најдобриот играч на тимот, Лео Меси се согласи да потпише нов, петгодишен договор со каталонскиот гигант.
Шпанските медиуми потврдија дека Меси се согласил да потпише нов договор со кој ќе остане во Барселона до 2022 година и ќе стане најплатен фудбалер во светот, а клаузулата во новиот договор ќе изнесува скоро половина милијарда евра.
Месечната плата која Меси ќе ја добива не е откриена, како ни останатите детали од договорот!
29-годишниот Аргентинец имаше многу понуди на маса, а најконкретни чекори за негов ангажман во изминатиот период правеа клубовите од Манчестер и ПСЖ.
Неговиот договор истекуваше во 2018 година, па поради тоа Барселона брзаше што побрзо да постигне договор за продолжување на соработката, бидејќи во спротивно следното лето Меси ќе станеше слободен агент.
Шпанските медиуми тврдат дека според новиот договор Меси ќе биде најплатен фудбалер на светот со годишна плата помеѓу 35 и 40 милиони евра.