Реал спреми супер-понуда за Донарума


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека европскиот шампион Реал Мадрид е заинтересиран за најталентираниот голман во светот, Џанлуиџи Донарума.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2018 година, „росонерите“ му понудија нов побогат договор, но сеуште се чека одговор на младиот голаман.

Милан му понуди 4,5 милиони евра годишно, со што Донарума ќе биде еден од најплатените во Серија А и ќе има поголема плата од Буфон, но медиумите тврдат дека не се проблем парите и дека Раиола веќе започнал преговори со Реал Мадрид.

Со оглед на потешкотиите кои ги имаат „кралевите“ да дојдат до потписот на Де Геа, наводно се свртеле кон Донарума во кого гледаат долгорочно решение за голманската позиција.

Притоа, младиот Италијанец е веќе голема ѕвезда, едни од најпродаваните дресови во Италија се токму неговите, па Флорентино Перез е спремен да плати 60 милиони евра за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда, но доколку Донарума одбие да го продолжи договорот, тогаш „росонерите“ ќе бидат приморани да ја прифатат понудата.