Раул го објави списокот за Украина и Чешка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес објави на кои 20 играчи ќе смета за последните две квалификациски средби за пласман на ЕП во Хрватска.

Шпанецот од првичниот список отпиша осум играчи: Дрогришки, Костески, Јоноски, Крстевски, Петров, Ѓорѓески и Недановски.

Селекторот првиот собир на репрезентативците го закажа за в четврток, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, во 13 часот.

Списокот на Раул Гонзалес:
Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Томовски, Златко Даскаловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Велко Маркоски, Влатко Митков, Филип Миркуловски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марко Нелоски.

Македонија на 15-ти јуни ќе гостува во Украина, а на 18-ти јуни во Скопје ќе ја пречека Чешка.