Apple претстави нов производ кој на интернет веднаш стана мета на потсмев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Apple во понеденикот го претстави својот домашен звучник HomePod со кој сака да им конкурира на Google, кои на пазарите веќе имаат слични производи.

Освен основната функција за слушање музика, HomePod се однесува и како популарниот Siri, во себе има микрофон со чија помош ги слуша наредбите и прашањата од корисникот, па така преку него можете да исклучите светилка во собата кога ќе го замолите HomePod за тоа и слични работи.

Но, она што најмногу привлече внимание на интернет е неговиот изглед. Звучникот се наоѓа во „оклоп“ од метална мрежа, поради што стана лесна мета за потсмев на интернет заедницата која во овој стилски дизајн препозна многу други слични обични предмети како тоалетна хартија и друго.

На америакнскиот пазар стигнува оваа година, а низ светот веќе од следната, по цена од 349 долари.