Почина седмата жртва на нападите во Лондон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Почина седмата жртва на нападите во Лондон.

Лондонската полиција соопшти дека починал еден од повредените во вчерашниот терористички напад, така што бројот на ѓртвите сега изнесува седум. Според последните бројки во болниците беа примени 48 повредени, но податоците се уште не се конечни.

Од канцеларијата на францускиот претседател Емануела Макрон објавија дека во нападот биле ранети и двајца француски државјани, од кои едното лице се здобило со сериозни повреди. Тројцата напаѓачи за осум минути беа убиени од полицијата, но нивниот идентитет се уште не се открива. На себе тие имале опрема за самоубиствен напад што најверојатно не успеале да ја активираат.

Поддршка на Велика Британија и дадоа веднаш германската канцеларка Ангела Меркел како и претседателот на САД Добалд Трамп кој изрази солидарност со жителите на британскиот главен град, и ја промовираше својата сопствена одлука за забрана за патување со авион од некои муслимански земји како дополнителна мерка за заштита на Американците.