Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниве неколку дена фудбалскиот свет го поздравува и се збогува со Франческо Тоти, легендарниот капитен на Рома, кој во неделата на 40-годишна возраст засекогаш ги обеси копачките на ѕид, простувајќи се од клубот во која ја помина целата своја фудбалска кариера.
Тоти призна (како да треба да го каже тоа кое сите го знаеме) дека Рома е неговата голема љубов, но најголема и единствена љубов која ја сака повеќе од Рома е неговата сопруга Илари Бласи.
Тоти и Илари се венчаа во 2005 година и имаат три деца, синот Кристиан и ќерките Шанел и Изабел.
Прекрасната Илари во младоста се занимаваше со манекенство и глума, а денес е познато ТВ лице. Нивната љубовна приказна од самиот почеток ја следат италијанските медиуми, особено после изјавата од Тоти дека со сопругата буквално секој ден сака да има секс, но таа се жали на главоболка, па се сексаат „само три пати дневно“.