НБРМ: Бермудите најголем странски инвеститор во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголем инвеститор во земјава во првите три месеци се Бермудите, а најмногу пари повлекле инвеститорите од Велика Британија, покажува ревидираната статистика на Народната банка.

Според оваа статистика, Бермудите во првиот квартал вложиле 12 милиони евра. Втор по големина инвеститор со вложени 10 милиони евра е Австрија.

Инвеститорите пак од Велика Британија во овој квартал одлеале 77 милиони евра. Во земјите каде што се одлеале пари на инвеститорите се вбројува и Холандија со 11 милиони евра.

Податоците на Народната банка за првите три месеци од годинава покажуваат дека во земјава влегле 106 милиони евра директни странски инвестиции. Во овој период има одлевање од 68 милиони евра, додека пак влегле дури 174 милиони евра како нераспределено реинвестирање на добивката.