Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Западниот Балкан, за жал, повторно се појави на европската мапа со проблеми откако извесен период не беше толку присутен во безбедносна смисла. Ова се должи пред сè на последните случувања во Македонија и на Косово, како и на настаните во Црна Гора минатата година.
Со овие предизвици ЕУ ќе мора да се зафати и ќе мора да најде начин да им помогне на балканските земји да надминат барем дел од своите проблеми. Јан Цингел, експерт за Западен Балкан, Јужен Кавказ и процесите на евроинтеграција за Еуропиан Вестерн Балкан (European Western Balkans) ја коментира актуелната безбедносна и политичка ситуација во регионот при што се осврнува и на состојбите во Македонија. Вели дека членството на Црна Гора во НАТО, секако, ќе има позитивно влијание бидејќи е сигнал дека вратата на алијансата и натаму е отворена за нови членки. Ова особено е важно за Македонија, која со години чека пред вратите на НАТО поради грчката блокада, иако ги исполнува сите предвидени стандарди.
Македонија е добро подготвена од воен аспект, проблем е само спорот за името со Грција. Ова прашање мора да биде затворено, решение мора да се пронајде. Ќе видиме дали новата влада ќе има доволно силен мандат за да направи компромис. Доколку успеат тогаш реално е можно да се забрза процесот на интеграција. Пролемот со Грција е камен на патот и за несреќа, тој е надворешен а не внатрешен. Но, тоа не значи дека Македонија нема внатрешни проблеми, напротив, има многу и новата влада ќе мора да се соочи со големите очекувања и на граѓаните и на меѓународната заедница, смета Цингел.
Коментирајќи ги односите меѓу Албанците од Косово и Србија и повторното активирање на темата Голема Албанија Цингел вели дека по негово мислење не е возможно а не е ниту паметно да се менуваат границите на Балканот.
Би било катастрофа доколку дојде до такво нешто бидејќи ќе се отворат вратите на Пандорината кутија, а тоа е поголема работа од српскоалабанските односи. Има и други земји кои ќе бидат вмешани. Промената на границите на Балканот е нешто кое меѓународната заедница нема да го дозволи. Сите декларации и најави ги толкувам како предизборна реторика, типична за Балканот. Најголем дел од таа реторика има само една цел, а тоа е привлекување гласови. Србија е особено чувствителна, што е нормално поради неодамнешната историја и случувањата околу Косово. Тоа е разбирливо, но пак ќе повторам, промената на гранците ќе влијае и ќе предизвика проблем во целиот регион. Верувам дека, сепак, сè ќе остане само на зборови, вели Цингел.
Експертот за Западен Балкан одговара и на филозофското прашање дали за ЕУ кога е во прашање Балканот стабилноста секогаш има предност во однос на демократијата. Вели дека унијата на почетокот погрешно ги прочитала сигналите кои доаѓаат од Македонија и дури по настаните во Куманово во средината на 2015 година, плашејќи се дека ќе дојде до ново крвопролевање, ги притснала двете страни во политичкиот конфликт да го потпишат Договорот од Пржино.
Замешувањето беше нужно и потоа, за да се имплементира договорот и да се организираат предвремените парламентарни избори. Се чини дека инволвирањето на меѓународната заедница е неопходно на Блканот. Можеби требаше да се вклучи порано со што ќе беше ногу полесно да се менаџира кризата. Но сметам дека иако треба стабилноста и демократијата да одат рака под рака, понекогаш тоа не е можно. Особено што на Балканот има многу проблеми и конфликти. Затоа мислам дека меѓународната заедница ја преферира стабиланоста пред демократските механизми, закучува во интервјуто за ЕВБ Јан Цингел.