Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англискиот голман Џо Харт потврди дека ќе го напушти Торино каде изминатата сезона играше на позајмица од Манчестер Сити.
„Фала, Торино. Горд сум што играв за вашиот фудбалски клуб. Ќе се вратам еден ден, а сега се поздравувам со вас. Уживајте во летото. Никогаш нема да заборавиме како не прифативте мене и моето семејство“, пиша Харт на социјалните мрежи.
Англичанецот, на почетокот од сезоната, го загуби местото во тимот на Сити по доаѓањето на менаџерот Гвардиола и замина во Торино, чиј тренер Синиша Михајловиќ минатиот месец рече дека би сакал да го задржи Харт во тимот, но клубот нема пари за тоа.
„Засекогаш ќе навивам за Торино. Запознав многу посебни луѓе и ова беше едно од најубавите искуства во мојот живот“, истакна голманот.
Харт додаде дека е „вишок“ во Сити и дека очекува во текот на летото да го напушти клубот, наспроти тоа што договорот му истекува за две години. Одигра 68 натпревари за репрезентацијата на Англија, а за него беа заинтересирани голем број европски клубови.