Реал и Јунајтед спремаат трампа која ќе предизвика вистински земјотрес!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона се врати на врвот на Шпанија после цели пет години и игра во финалето од Лигата на шампиони, но шпекулациите за нови засилувања не престануваат.

Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан веќе има неколку фудбалери на списокот кои сака следната сезона да ги донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Првата цел на раководството ќе биде доведување на врвен голман кој ќе биде транјно решение, а прва мета веќе подолго време е шпанскиот репрезентативец Давид де Геа.

Голманот на Манчестер Јунајтед е еден од најценетите во светот, а Мурињо веќе им ги соопштил условите на „кралевите“ како можат да дојдат до неговиот потпис.

Имено, Јунајтед за Де Геа сака 75 милиони евра во кеш, или Алваро Мората плус додатни 25 милиони евра.

Медиумите тврдат дека Реал е одлучен во намерата да го донесе Де Геа на „Сантиаго Бернабеу“ и нема да жали пари за да го направи тоа.