Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Туристичките агенции здружени во Сојзот на стопански комори се пожалија дека имаат нелојална конкуренција. Проблеми им прават индивидуални лица кои продаваат аранжмани иако никаде не се регистрирани. Сега од оваа Комора, спасот ќе го барале од новата Влада која ќе треба да им го реши проблемот кој се може да продава аранжмани.
Затоа апелираме, граѓаните да купуваат аранжмани од реномирани туристички агенции и два пати да проверат што плаќаат и каков дговор потпишуваат, рече Аркан Керим, претседател на здружението на туристичка комора при Сојуз на стопански комори.
Од Комората, која важи за долгогодишен добар соработник на владата во заминување, детектираа и проблем со нелојална конкуренција од Србија. Агенциите од северниот сосед плаќале во готово и затоа имале пониски цени.
Од тие причини цените се пониски кон Србите затоа што плаќат во кеш. Каква е политиката во Србија јас не знам? Ни бараат ќеш пари или 10 до 15 насто повисоки цени, изјави Александар Чоневски, туристички работник.
Засега решени на овој проблем нема. Од комората за туризам велат дека и годинава токму Грција е најбарана за летување, а не заостанува ниту Турција. Цените на аранжаманите за летување во Турција се движат од 300 евра па нагоре во олл инклузив аранжман. За споредба, седумдневен аранжман во Дојран во хотел со пет звездички и на база полупансинон ќе ги чини граѓаните околу 300 евра.