Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судиите од Кривичните совети на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по несогласноста на судиите на претходна постапка, во врска со барањата за привремено одземање на имот поднесени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, на нејавна седница одржана на 23.05.2017 година согласно чл.202 ст.3 од ЗКП донесоа решенија со кои се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка Забрана на оттуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека.
Во најновата истрага „Талир“ вчера СЈО побараа замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, поточно околу четириесет објекти за кои постојат докази дека се купени со пари од фиктивни донации. Меѓу овие објекти е и седиштето на партијата во центарот на Скопје за кое фирмата која го гради, „Бетон“, сопственост на бизнисменот Минчо Јорданов, донирала во партијата околу два милиони евра.