Фудбалските легенди на Јунајтед и Сити оддадоа почит на жртвите во нападот во Манчестер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендите на Јунајтед и Сити, шокирани од терористичкиот напад во Манчестер каде загинаа 22 луѓе, изразија почит кон жртвите од крвавиот чин.

Манчестер е во шок по терористичкиот напад кој се случи доцна синоќа по концертот на Аријана Гранде. Загинаа 22 луѓе, а повредени се уште 59.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед кои утре го играат финалето од Лига Европа, денешниот тренинг го почнаа со едно минутно молчење, а добар дел од нив, како и легендите на овој клуб преку социјалните мрежи изразија почит за жртвите и поддршка за повредените.

Кристијано Роналдо кој играше за Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 години, со британското знаме на кое го пишува името на градот изрази поддршка преку својот твитер профил.

Легендата на клубот, Дејвид Бекам напиша: Трогателни вести од Манчестер. Како татко и човек тоа што се случи навистине ме растажи. Моите мисли се со сите оние кои беа погодени од трагедијата.

Моите мисли и молитви се со сите фамилии и пријатели погодени од вчерашниот напад во Манчестер, напиша Рио Фердинанд.

Ужасни вести утринава. Моите мисли и молитви се со сите погодени, вели капитенот на Јунајтед, Вејн Руни.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Един Џеко напиша: Моето срце и молитви одат за сите инфолвирани во трагедијата во Манчестер.

Би сакал да изразам длабоко сочуство за фамилиите на жртвите. Ова е тажен ден за Манчестер, напиша капитенот на Сити, Винсент Компани.