Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Три судења за познати случаи денеска се закажани во Кривичниот суд.
Првото судење е за нападите во Собранието од 27 април. Минатото рочиште беше одложено затоа што не се појави првообвинетиот Ангеле Зафировски, наречен Бате Геле, кој е еден од деветтемина обвинети за учество во толпа. Во судницата се појавија: Димче Христовски, Дончо Василевски, Стојан Павловски, Борис Мутков со прекар Фантом, Марјан Стојовски, Виктор Настов, Александар Стојчев и Мирче Цветковски. На судењето се појавија и дел од 20-тина пријавени како оштетени лица. Обвинителството ги товари за учество во топла. Меѓу триесеттемина насилници кои добија кривични пријави, двајца се товарат за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. И за утрово на социјалните мрежи се најавени собири на граѓани од здружението Тврдокорни.
Иако обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои се товарат за злоупотреба на службената положба, шест години се недостапни за органите на прогонот, за утре во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за предметот Маѓар Телеком. Од Кривичниот суд за Макфакс потврдија дека последното рочиште за овој предмет е од 20 април, а било одложено бидејќи не бил присутен јавниот обвинител, кој уредно го известил судот дека е спречен да присуствува на рочиштето. Поранешните директорi на Маѓар телком, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодија да платат парични казни и добија и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, во процесот што се водеше пред Окружниот суд во Њујорк.
За денеска во Кривичниот суд е закажано и рочиште за слуачјот Тврдина 2. Поради влошената здравствена состојба на екс началникот на Петата управа, Горан Грујоски, минатото рочиште беше одложено. Како што објави Макфакс, обвинителите беа скептични за медицинската документација за обвинетиот и побараа и добија известување од УБК за присуство на работното место, како и мислење од лекарите кои го потпишале уверението. Обвинителите Пеливанов и Бубевски изјавија дека доколку се потврди дека Грујоски одел на работа СЈО ќе побараат негово приведување за утрешното рочиште. Во овој предмет Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во Тврдина за уништување на системите за прислушување.