Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
BMW официјално објави нови детали за новата генерација на M5, што ќе биде претставена официјално до крајот на годината.
Баварците објавија и видео во кое прототип за тестови е покриен со камуфлажа. Меѓу другото Баварците откриваат дека новото BMW M5 ќе добие 4.4-литарски бензински мотор кој значително ќе е подобар од претходникот.
Агрегатот ќе работи во комбинација со 8-степен менувач M Steptronic со функција Drivelogic и систем за погон на четири тркала M xDrive.
И во двата случаи на располагање ќе бидат 600 коњски сили, кои ќе ги произведува 4,4 литарски би-турбо мотор со 8 цилиндри. Исто толку степени има и автоматската трансмисија, која ќе го лансира до сто километри на час за официјално сé уште непотврдени 3,5 секунди.
„Главниот дел од системот M xDrive е централен блок од програмски софтвер, кој го контролира возилото како при движење напред, така и при „лизгање“ настрана. Тоа значи дека во новото BMW M5 ќе дебитира една уникатна технологија која комбинира спортски карактеристики од погонот на задните тркала со ефикасноста на системот 4×4“, објасни шефот на BMW M GmbH, Франк Ван Мил.