Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Застрелана 38годишна жена на свадбена веселба во Мала Речица вчера била донесена во болницата во Тетово.
Како што соопшти МВР во 17 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив била донесена М.О. (38) од село Мала Речица, тетовско, со повреди во пределот на нозете нанесени од огнено оружје. По извршениот разговор констатирано е дека повредите ги добила на свадбена веселба во село Мала Речица, во дворот на куќата на М.Н.(44). Лицето М.Н. со пиштол марка Зиг Зауер 229 калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми, од кои еден ја погодил М.О. во нозете, нанесувајќи и влезни и излезни рани.
Од СВР Тетово излезено е на местото на настанот. Направени се фотографии, М.Н. е лишен од слобода и приведен во ПС Тетово. Пиштолот и четири испукани чаури се обезбедени за понатамошна постапка. По консултација со јавен обвинител, М.Н. е ослободен, а по целосно расчистување и документирање на настанот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.