Им рекоа „збогум“ на милионите: Џеј Зи и Бијонсе „тажат“ над една милијарда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Брачната двојка Џеј Зи и Бијонсе заедно имаат повеќе од милијарда долари, пишува „Форбс“.

Угледното списание проценува дека раперот Џеј Зи има 810 милиони долари, а пејачката Бијонсе 350 милиони долари.

Поголемиот дел од богатството на Џеј Зи е од неговата компанија „Рок нејшн“. Двајцата имаат значајно учество во стриминг сервисот Tidal.

Џеј Зи со компанијата „Лајв нејшн“ како партнер за концерти го потпиша десеготишниот договор, кој според наводите на Варајети вреди 200 милиони долари.

Брачната двојка има петгодишна ќерка Блу Ајви, а Бијонсе е бремена и чека близнаци.