Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако има гласини дека актерот Том Круз е во врска со колешката Ванеса Кирби, неговата поранешна сопруга се уште се труди да не зборува за нејзина врска.
Сепак, Кејти Холмс и Џејми Фокс неодамно се видени во Париз каде што Фокс го снима новиот филм „Робин Худ“. Интересно е дека во истиот град е и Том Круз поради продолжение на филмот „Невозможна мисија“.
Актерката за новата врска не зборува поради договорот кој го потпиша со поранешниот сопруг. Поточно, таа се обврза до 2017 година дека нема да има деца, но и дека нема други мажи да носи во близина на нивната ќерка.
– Повеќе не го интересира што ќе прави Кејти, но интересно му е да гледа како поради страв од него ја крие новата врска, рече извор близок на Круз.