Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Без консензус на сите политички партии локалните избори нема да можат да се одржат во првата половина на октомври, вели поранешниот член на Државната изборна комисијата Александар Даштевски.
Како што вели тој, доколку ВМРО ДПМНЕ не даде поддршка на предлогот што денеска го договориле СДСМ со албанските партии на координацијата кај собранискиот спикер Талат Џаферим, нема да помине измената на изборниот законик.
Без поддршка на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помести датумот за оддржување на изборите. Се знае дека согласно Пржинскиот договор, измените на изборниот законик Парламетот треба да ги донесе со поддршка од двотретинско мнозинство, а тоа мнозинство во моментот го нема без пратениците на ВМРО ДПМНЕ.СДСМ и албанските партии имаат 69 пратеници и имаат само просто мнозинство, додава Даштевски.
Од друга страна, Александар Новаковски, исто така поранешен член на ДИК, порачува дека сите партии треба час поскоро да го затворат ова прашање затоа што локалните самоуправи не ќе може да функционираат.
Потребно е да се изврши промена на два закони. Значи едниот со кој ќе се смени датумот, тоа е областа на изборниот законик, и другиот со кој ќе се продолжи мандатот на градоначалниците и Советите, во делот на Законот за локална самоуправа. Се знае дека овие закони се носат со консензус, но колку што сум информираан за ВМРО ДПМНЕ, беше прифатливо оддржување на локалните избори во октомври. Мислам дека треба да дадат поддршка и да се затвори ова прашање во интерес на сите, додава Новаковски.