Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Почеток на годината, каков што само може да се посака, за германската економија. Најголемото европско стопанство и покрај политичките неизвесности ги зголемува вртежите. Дури и времето придонесува за тоа.
Германската економија во првиот квартал на 2017 година остварила раст од 0,6 насто, проследен со пораст како на домашната така и на надворешната побарувачка, што е во согласност со предвидувањата. Сојузната агенција за статистика во Визбаден соопшти денеска дека градежната индустрија имала корист од благата зима но и оти инвестициите во машини и во опрема меѓу јануари и март годинава биле значително зголемени во однос на истиот период во 2016 година.
Агенцијата наведува дека и домаќинствата и државата ги зголемиле трошоците за потрошувачка во првите три месеци на 2017 година. Германската економија инаку во последното тромесечие во минатата година забележа раст 0,4 насто.
Германската економија е на курс на раст, оценија статистичарите. Со тоа таа покажа издржливост во политичката неизвесност , која настана со стапувањето на функцијата на американскиот претседател Доналд Трамо и со сѐ поблиското излегување на Велика Британија од Европската Унија. Економистите со кои разговараше новинската агенција Ројтерс истакнуваат дека ваквиот раст на германскиот Бруто-домашен производ во првиот квартал од 2017 година за нив бил очекуван.
Рекорден број отворени работни места
Економистото на консултантската куќа ИНГ груп, Картен Брѕески изјави дека германското стопанство профитира од комбинација на фактори, која ги вклучува силниот пазар на труд, поголемите заработувачки, ниските камати и слабото евро.
Растечката конјунктура доведе и до силно пролетно заживување на пазарот на труд во Германија. бројот на невработени во април паднал на 2,569 милиони, соопшти денеска Сојузната агенција за труд во Нирнберг. Тоа се 93 илјади невработени помалку отколку во март и 175 илјади помалку отколку во истиот месец во 2016 година.
Значи на стопанството јму оди добро а со тоа и на пазарот на труд. Загриженост на експертите им задава , меѓутоа недостатокот на стручна работна сила. Во некои бранши, на претпријатијата им е се потешко да најдат соодветен персонал. Бројот на отворени работни места е на рекордно високо ниво, порачуваат претпријатијата.