Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по давањето исказ во ОЈО за насилството во Собранието на 27 април изјави дека шестмина пратеници на ВМРО ДПМНЕ го организирале влезот на толпата во законодавниот дом.
Според него, двајца пратеници од партијата ги отвориле вратите на Собранието, а останатите четворица давале насоки за како демонстрантите да стигнат до прес центарот. Тој порача и дека е очигледно оти се работело за план кој бил подготвен од претходно и оти секој треба да понесе одговорност за настаните.
Во однос на гаранциите за зачувување на унитарноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, кои Заев рече ќе ги достави до претседателот Ѓорѓе Иванов, истакна дека во тек е усогласување на текстот меѓу неговиот кабинет и кабинетот на шефот на државата. Според него, откако ќе биде усогласен текстот Заев ќе побара јавна средба со цел што поскоро да го добие мандатот за формирање влада. Тој истакна дека очекува новата влада да биде формирана до крајот на месецот.
Локалните избори, како што посочи, може да се закажат за есенва или идната пролет. Претходно, според него, е неопходно двете пратенички групи да постигнат согласност за двете неопходни комисии, Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем.