Швајцарците одлучија: Романците и Бугарите ограничени за работа во Швајцарија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Швајцарската влада одлучи да воведе ограничување на издавањето работни дозволи за романските и бугарските граѓани поради порастот на имиграциите од тие земји.

Тие се повикаа на клаузулата од својот договор со Европската унија.

Таа клаузула е дел од билатералниот договор со ЕУ за слобода на движењето и овозможува на Швајцарија, која не е членка на европскиот блок, да воведе привремени квоти на работни и дозволи за престој.