Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американскиот актер и мајстор по боречки вештини Стивен Сигал иронично реагираше на забраната за влез на територијата на Украина.
„ Покрај црн појас, сега имам и црна листа“, изјави Сигал.
Службата за безбедност на Украина му забрани на актерот, кој има руско државјанство, влез во земјата на пет години поради безбедносни закани и го стави на црна листа.
Сигал (65) е државјанин на Русија од ноември 2016 година. Тој неколку пати јавно ја поддржа анексијата на Крим од страна на Русија.
Актерот тврди дека има руско и монголско потекло.