Што откри Глигоров во 2007 за понудата од ЕУ кон Југославија пред распадот (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Само неколку месеци пред распадот на Југославија и започнувањето на неколку годишните крвави војни, во Белград доаѓа европската тројка предводена од претседателот на тогашната Европска комисија Жак Делор, кој пред членовите на претседателството на Југославија го презентирал планот на Европската Заедница за Југославија.

Од страна на Делор бил претставен план во 10 точки кој бил официјално донесен во Советот на министри, највисокото тело за донесување одлуки во ЕУ (тогаш ЕЕЗ).

Предлогот содржел 10 точки, меѓу кои:

  • Југославија да биде веднаш примена во ЕУ (тогаш ЕЕЗ);
  • Од буџетот на ЕУ (тогаш ЕЕЗ) да добие еднократна помош од 5,5 милијарди долари;
  • Секоја земја да има подоцна право на референдум за независност од Југославија итн.

Според Глигоров, во тој период постоел многу неразумен однос помеѓу луѓето од претседателството на Југославија, меѓу кои најгласни биле Милошевиќ од Србија и Туѓман од Хрватска.