Аргентина мора на Мундијал – укината суспензијата на Меси!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ФИФА ја поништи казната од четири натпревари на аргентинскиот репрезентативец, Лионел Меси кој сега слободно ќе може да игра до крајот на квалификациите за СП во Русија.

Лионел Меси беше суспендиран поради употреба на навредливи зборови кон судија во текот на натпреварот со Чиле во март.

Апелационата комисија при ФИФА ја прифатила жалбата поднесена од Аргентинската фудбалска федерација, па укината е целосната санкција за играчот. Претходно, Меси му се извини на судијата за зборовите упатени кон него.

Меси пропушти еден натпревар додека ја чекаше одлуката, против Боливија, а сега ќе може да настапи против Уругвај, Венецуела и Перу, натпревари кои се клучни за изборување пласман на „гаучосите“ на СП.