Шок во Каталонија: Меси и кажа НЕ на Барселона!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот весник „АС“ пишува дека Лионел Меси ја одбил првата понуда од Барселона која изнесувала околу 30-35 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на Меси со Барселона истекува во јуни 2018, а двете страни веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката, но никако да најдат заеднички јазик.

Барселона на Меси му нуди 35 милиони евра годишна плата за да го обезбеди неговиот потпис и за наредните четири години, бидејќи клубот не сака најголемата ѕвезда да влези во последната годна од договорот.

Преговорите за најголемата ѕвезда на Барса ги води неговиот татко Хорхе, а барем засега во Барселона останува убедувањето дека ќе се најде заеднички јазик за брзо решавање на ова прашање.