Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оди еден човек во општината и ѝ вели на соодветната службеничка:
Госпоѓо, сакам да си го сменам името!
Оваа го погледнува над очилата и му вели:
Како што ве гледам, имате околу 40 години, сега ли ви текна да си го менувате името?
Не можам повеќе со вакво име, воопшто не ми се допаѓа! – и одговара нашиот херој.
Добро, штом сте решиле! вели службеничката и ги вади потребните документи.
Име? прашува службеничката.
Иван Лајнарски, со загриженост вели нашиот човек.
Оваа го погледнува со длабоко сочуство и продолжува:
Како сакате да ви биде е новото име?
Стојан Лајнарски!