Монако игра силен фудбал, но Јувентус е голем клуб – „Старата дама“ со една нога во финале


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус направија огромен чекор кон пласманот во финалето во Лигата на шампионите, откако во средата, како гости го совладаа Монако со 2:0.

Фудбалерите на Масимилијано Алегри, одиграат тактички беспрекорен натпревар, во целост го оневозможија Монако да ја развие својата игра, а шансите кои домаќинот успеа да ги створи ги одбрани Џиџи Буфон.

Јуве на стадионот „Луј II“, имаше три шанси и постигна два гола. „Старата дама“, ја имаше контролата врз топката на почетокот на мечот, а кога Монако дојде до здив, два пати Буфон му одбрани на Мбапе, а еднаш на Фалкао.

Во 29.минута, брилјантната акција која ја започна Игуаин, а продолжи преку Дибала, Маркизио и Дани Алвеш, со гол ја заврши аргентинскиот напаѓач.

Тројца од овие четворица учествуваа и при акцијата за постигнување на вториот гол. Дибала со долга дијагонала го исфрли Дани Алвеш по десната страна, Бразилецот упати идеален центаршут кој Игуан го претвори во гол во 59.минута.

Пред постигнувањето на вториот гол, Маркизио имаше шанса, но во ситуација кога беше сам пред Субашиќ, хрватскиот голман успеа да одбрани.

Монако во финишот имаше уште две полушанси но резултатот не се менуваше.

Реваншот во Торино ќе се одигра на 9.мај.