Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед киксна во дуелот со Свонси, и тоа на домашен терен, и ремизираше со резултат 1:1, во рамки на 35-то коло од англискиот Премиершип.
Први се заканија гостите преку Љоренте, кој во 41-ва минута шутираше, но Де Геа одлично интервенираше и ја одби топката во корнер. На другата страна само три минути подоцна се закани Лингард, но Фабијански беше сигурен.
Судијата Сварбрик во третата минута од продолжението на првото полувреме покажа на белата точка и досуди пенал за домаќините чиј сигурен реализатор беше Роуни за 1:0.
Свонси не се предаваше и во 79-та минута стигна до изедначувањето. Од слободен удар од 20 метри Де Геа беше матиран од Сигурдсон. Шпанскиот голман не успеа да се мрдне од место.
Овој бод на Свонси им е многу важен во борбата за опстанок, додека Јунајтед пропушти прилика да дојде на третото место од табелата.