„Швајцарската машина“ замина во легендите: Загина алпинистот Ули Штек


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите светски алпинисти, Швајцарецот Ули Штек загина во несреќа на Нупце во близина на Еверест за време на неговите припреми за траверсирање на Еверест и Лоце во алпски стил.

Информациите велат дека несреќата се случила во близина на Камп 1 на врвот Нупце во регионот Кумбу и Еверест, а претпоставките велат дека тој се лизнал и паднал. Ули Штек заедно со неговиот партнер Тенџи Шерпа беа појдени за аклиматизација и подготовки за обидот за прво траверсирање на Еверест и Лоце.

Несреќниот случај е потврден од повеќе извори, а телото е пронајдено од неколкумина спасувачи. Моментално се работи на извлекување на телото и пренесување во Катманду.

Ули Штек (41) важеше за еден од најдобрите светски алпинисти со големи и важни достигнувања, добитник на два Златни Цепини (2009 и 2014 година) и уште многу други алпинистички подвизи.