Солената храна го зголемува апетитот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Широко распространето е мислењето дека солената храна ја зголемува жедта. Меѓутоа, едно неодамнешно истражување спроведено за време на симулација на мисија на Марс, покажало дека космонаутите кои консумираат повеќе сол, задржуваат повеќе вода, и не се жедни туку се гладни.

Научниците утврдиле дека испитаниците кои внесуваат од шест до 12 грамови сол дневно пијат помалку вода, а нивната урина содржи поголема количина на сол.

Дополнителното истражување, направено на глувци, е објаснување за зголемената потреба за храна, кога се консумира поголема количина на сол.

Имено, за солта да се исфрли без поголеми промени во количината во урината, кај глувицте е воочено зголемено производство на уреа, што бара повеќе енергија и со самото тоа доведува до зголемување на апетитот.