Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Националистите во Македонија си играат со „оган”, преку одбивањето да предадат власта, изјави Питер Фејт – посредник во преговорите за потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година.
Во интервјуто за „Ројтерс”, тој истакна уште дека Европската унија треба да го разгледа запирање на процесот на пристапување, за да се надмине опасниот ќорсокак во земјата. Пред агенцијата холандскиот дипломат изрази загриженост и за ризикот од понатамошна ескалација, која ќе ја доведе поранешната југословенска република до „бездната на граѓанската војна” во случајов да ЕУ одлучи да биде неактивна.
Во моментов, Питер Фејт е виш дипломатски советник во Европскиот институт за мир, кој ги поддржува напорите на ЕУ во областа на медијацијата и решавање на конфликти.