Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нема посериозен инцидент од влез на протестанти во институциите, изјави пратеникот Оливер Спасовски во вечершната емисија 360 степени на Алсат-М.
Околу две илјади до три илјади членови на СДСМ, според Спасовски биле пред партиското седиште, но им било посочено да не доаѓаат кон Собранието. Добивме закани дека ќе бидеме заколени и убиени, рече Спасовски во емисијата.
Потенцираше дека директорот на БЈБ Митко Чавков е на врвот на пирамидата на одговорноста. Спасовски изјави дека неколку пратеници претходно сами ги оставиле железните пречки на вратите, за демонстрантите полесно да влезат. На еден од нив му падна пиштолот, рече Спасовски.