Сончев, топол и малку облачен петок


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер во крајните западни делови повремено ќе засилува и наместа се очекува да достигнува над 60 км/час.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 7 и дневна до 28 степени.

Од сабота до вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден.

Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст.