Зголемена продажба на Алкалоид во првиот квартал оваа година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Компанијата Алкалоид оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари до март 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и  консолидиран биланс на успех.

Во периодот јануари до март, продажбите достигнуваат 11 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Гледано по групи на производи, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација и тоа 85 отсто.

Од нив поголем удел имаат препаратите со 20 отсто, кардиолошките препарати со 17 отсто, невролошките препарати со 13 отсто, антибиотиците заземаат 15 отсто од вкупните консолидирани продажби итн.

Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15 отсто во вкупните продажби. Во периодот јануари до март годинава во Алкалоид се реализирани 30 нови вработувања.