Експлодираше комбе во Истанбул, повредени седум студенти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во експлозија на комбе со кое се превезувале студенти во Истанбул повредени се седум лица, јави турската државна агенција Анадолија.

Експлозијата се случила додека возилото е во сопственост на приватен Универзитет се движело во азискиот дел на Истанбул.

Според полицијата се уште не е позната причината за експлозијата. Дел од турските медиуми објавија дека е можно да се работи за рачно изработена бомба.