Им шибнаа вкупно 13 гола: Реал и Барса безмилосни кон противниците (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона и Реал ги декласираа своите противници во 34.коло во Примера. Барса против Осасуна победи 7:1, а Реал на „Ријазор“ во Ла Коруња со 6:2.

Лионел Меси доби овации на „Ноу Камп“ за блескавото издание во „Ел Класико“, на Осасуна им даде два гола, но мечот го обележа Хавиер Маскерано кој го постигна првиот гол на официјален натпревар во дресот на Барселона.

Аргентинецот во Барселона пристигна во 2010 година, а му беа потребни 319 натпревари за да го постигне првиот гол. Маскерано успешно реализира пенал во 67.минута.

Инаку по два гола за Барселона постигнаа Меси, Андре Гомеш и Пако Алкасер.

Зинедин Зидан на „Ријазор“ истрча со втор тим, но Реал без проблеми ја декласира Ла Коруња. Победата ја најави Мората уште во првата минута, потоа погоди Хамес Родригез, Андоне намали на 1:2, а откако домаќинот не реализира напад за 2:2, Лукас Васкез постигна гол нова предност на Реал од два гола.

Во вториот дел стрелци за Реал беа повотрно Родригез, односно Иско и Каземиро, а вториот гол за домаќинот го постигна Хоселу.

Барселона води на табелата по 34 кола со 78 бодови колку што има и Реал, но екипата од Мадрид има и натпревар помалку.