Фотка која измамува солзи: Не смее да биде покрај сопругата, па направи нешто неверојатно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фотографијата од сопругот кој покажува поддршка за својата сопруга која се лекува од рак го обиколи светот и ги растрепери емоциите на голем број луѓе. Нивната ќерка Меккена Њуман ја објави фотката на која нејзиниот татко, седнат на мал стол, седи пред вратата од собата на нејзината мајка.

„Мајка ми мора да биде во изолација, бидејќи моментално е на радијациски третман за лекување на рак, па тато постави стол пред нејзината врата за да ѝ прави друштво. Ме расплакаа“, напиша 17-годишната тинејџерка под фотката.

Нејзината објава на Твитер е споделена 7.500 пати, а на Фејсбук странат Love What Matters доби над 100.000 допаѓања.

Меккена објасни дека нејзината мајка Марси се лекува од рак на штитната жлезда кој ѝ го дијагностицираа пред неколку месеци, а почнал да се шири и на лимфните јазли и дишните патишта. Нејзиниот татко Џон цело време додека е на третман стоел до својата сопруга.

Џон доаѓа со мене на секој преглед, секое крвно испитување, секоја операција, секој третман со зрачење. Не може да ми биде поблизок отколку што ми е сега“, изјави болната Марси за BuzzFeed.