Го сакаат по секоја цена: Интер на Симеоне му понуди БЛАНКО чек!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер спрема голема реконструкција на тимот за следната сезона и сака најпрво да донесе тренер од светска класа, а желбата е само една – Диего Пабло Симеоне.

Италијанските медиуми тврдат дека новите сопственици на „нероаѕурите“, компанијата Сунинг нема да жали пари за да го донесе аргентинскиот стратег на „Џузепе Меаца“.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер му понудил неверојатни 55 милиони евра на Симеоне за 5-годишен договор и дека му дале време од 20 дена да донесе конечна одлука.

Аргентинецот веќе шест години со успех го води Атлетико Мадрид, но никогаш не ја криел желбата еден ден да седне на кормилото на Интер, клуб каде помина две години како играч.

„Нероаѕурите“ ќе чекаат одговор од Симеоне во следните 20 дена, а доколу тој биде негативен, ќе се насочат кон Лучијано Спалети, кој е алтернатива на Аргентинецот.