Официјално: Рома има нов „трансфер мозок“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа што беше најавувано изминатите недели доби и официјална потврда. Екс директорот на Севиља, Мончи е назначен за нов спортски директор на Рома.

„Трансфер мозокот“ на Севиља, кој важи за еден од најдобрите спортски директори во светот, вчера стави потпис на четири годишен договор.

„Рома е задоволна што може да соопшти дека го ангажираше Рамон Родригез Вердехо, познат како Мончи“, стоеше во соопштението.

„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Џејмс Палота што ми ја укажаа оваа шанса. Ова е одличен проект, со нетрпение чекам да им служан на навивачите, персоналот и играчите на овој легендарен клуб“, изјави Мончи.

Шпанецот 17 години беше спортски директор во Севиља и од просечен второлигаш направи моќен клуб кој освојува трофеи и заработува многу пари од трансфер политиката.

Тој има направено голем број на зделки, а помеѓу најдобрите се секако Дани Алвеш, Кевин Гамеиро, Криховијак, Жофри Кондогбија, Иван Ракитиќ, Карлос Бака…