Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Точно ли е дека сапунот може да помогне за размножување на бактерии и ширење на инфекции? Може ли бактериите да станат отпорни на антибактериските супстанци? На овие прашања имаме одговор.
„Алкална средина на сапунот не е критична многу за патогените микроорганизми – објаснува д-р Лари Круглова, дипломиран специјалист по дерматовенерологија и козметика.
„Обично сапунот не ги убива микробите, неговото дејство е насочено за механичко отстранување на нечистотијата од кожата. Ако во составот на сапунот има антибактериски супстанци, тие дејствуваат само во моментот на миењето на рацете или на телото, а, бактериите многу брзо развиваат отпорност и кон овие антибактериски супстанци.
А, што се однесува до сапуните на јавните места, каде се создаваат поволни услови за колонизација на патогени микроорганизми, тие можат да се претворат во резервоар за бактерии, габи и вируси кои се размножуваат во такви услови. На крајот, наместо антибактериски ефект, добиваме појава на инфекции “, вели специјалистот.