Home Актуелно Русија не даде поддршка за резолуцијата на ОН против Северна Кореја

Русија не даде поддршка за резолуцијата на ОН против Северна Кореја

Русија го спречи Советот за безбедност на Обединетите нации да ја осуди Северна Кореа поради најновото лансирање на ракета. Ова се случи и покрај тоа што иницијативата ја поддржала и Кина, сојузникот на Пјонгјанг, објавија странските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Во предлогот, поднесен од САД, се бара од Пјонгјанг да се воздржи од изведување на нуклеарни проби и тестирања на балистички ракети, откако еден таков тест во неделата заврши неуспешно.

Според зборовите на дипломатите во Советот за безбедност, Москва сакала да надгради некои елементи во текстот, односно да укаже на потреба решението на проблемот да биде постигнато со дијалог.

Неколкумина од дипломатите, кои сакале да останат анонимни, признале дека ги изненадила руската блокада, бидејќи текстот бил поддржан и од официјален Пекинг, кој вообичаено е дипломатскиот заштитник на Северна Кореа.

Во текстот кој не го прифати Русија, дипломатите изразиле апсолутна загриженост поради дестабилизирачкото однесување на Северна Кореа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…