Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Експлозија на бомба синоќа одекна пред експозитура на Еуробанк во Атина, но нема ниту загинати, ниту повредени лица.
Според полицијата, експлодирала помала експлозивна направа, која ги оштетила влезот и прозорците во банката, а причинила помала материјална штета и на соседните згради.
Чуварот во банката видел како две лица на мотоцикл оставиле торба пред објектот и продолжиле натаму.
Истовремено, еден новински веб сајт добил телефонски повик дека бомбата ќе експлодира за 35 минути. Полицијата веднаш по дојавата ги блокирала улиците во близина на банката, а експлозијата се слушнала и во централните делови на Атина.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека тоа е дело на анархистите од групата Заговор на огнените ќелии.