СЈО на средба со директорите од Германија и Унгарија: Дали преку нив ќе се влегува во Телеком?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство пред први мај ќе има средба со осумтемина членови на Одборот на директори на македонскииот Телеком од Германија и Унгарија, откако и по четири обиди не доби судски налог за претрес во рамки на две истраги поврзано со масовното прислушување од 2008 до 2015 година, пренесува порталот СакамДаКажам.мк, од извори во компанијата кои поради чувствителноста на случајот и затоа што не се овластени да зборуваат во јавност сакаат да останат анонимни.
СЈО потврди дека откако се соочи со опструкции од претставниците на македонскиот државен капитал во компанијата и од судот кој измислува разни причини за да не даде налог за претрес сега бара согласност за пристап до податоците на операторот, во рамки на отворените истраги за масовно прислушување на граѓаните преку најголемиот телефонски и мобилен оператор во Македонија.
Македонската компанија на Телеком, во кој Дојче Телеком има мнозинска сопственост преку унгарската компанија одбива да соработува и да ги достави до СЈО податоците кои писмено Катица Јанева ги има побарано веднаш по отварањето на истрагата за прислушувањето. За разлика од од овој телекомуникациски оператор во кој има и малцински пакет акции што ги контролира Владата на Република Македонија, другиот телекомуникацискиот оператор соработувал со специјалното јавно обвинителство, соопшти СЈО уште во ноември минатата година.
Од СЈО потврдија дека побарале од Валтер Голдениц, Михаел Франк, Андреа Шаги, Петер Жом, Карој Швејнингер, Андреас Маиерхофер, Сузане Крогман и Атила Кесег, неизвршни и независни членови во Одборот на директори, да дадат согласност обвинителите да извршат претрес во компанијата и потврдија дека е договорен состанок со нив. Тие велат дека се одлучиле на ваков пристап откако Небојша Стајковиќ, Жарко Луковски, Владимир Здравев, ексминистерот за образование Панче Кралев и Александар Стојков, македонските членови на Одборот, неколку месеци одбиваат да потпишат таква согласност.
Повеќе за истото можете да прочитате тука.