Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот на Баерн, Томас Милер како и остатокот на баварскиот тим беше незадоволен од делењето на правдата на мечот против Реал во четвртфиналето од ЛШ.
Според Милер судијата Касаи направил неколку клучни грешки кои го одлучиле победникот, како црвениот картон на Видал и головите на Роналдо постигнати од офсајд.
„Нашата игра не беше перфектна, но машки се боревме на теренот. Кога ќе ја погледнете ситуацијата беше тешко да се игра 10 протув 14 души. Голот на Реал за 2:2 беше најголема грешка, бидејќи помошникот имаше одличен преглед. Тоа не уби“, изјави Милер.
„Бевме во одлична метална состојба додека водевме со 2:1 и додека имавме 11 играчи на терен. Имавме ’ветар во грб’, но арбитрите ни го одзедоа тоа. После сето ова не можеме да кажеме ’добро се случуваат вакви работи’. Видал можеби требаше да биде исклучен порано, но сигурно не тогаш кога го доби вториот жолт картон“, заклучи Милер.