Тажната приказна за чоколадното велигденско јајце старо скоро 100 години кое ќе биде изложено во музеј


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Две велигденски чоколадни јајца, јајцата на Тери и Раунтри, стари 100 години, ќе бидат изложени во музејот Јорк Кесл (York Castle) во Англија.

Досега неизедените чоколадни јајца се во одлична состојба, бидејќи чоколадото не е допрено. Исклучително се ретки и ќе бидат изложени во споменатиот музеј, каде ќе има можност да ги видат посетителите кои ќе свратат додека се таму.

Јајцето од Тери (производител -Terry) е купено за момче уште во ’20-те години, но тоа починало пред Велигден. Сепак, јајцето не било фрлено.

Јајцето од Раунтри (Rowntree, исто производител) е купено за 14-годишно момче. Неговата мајка го купила во 1926 година и го чувала доста долго. И двете јајца сега завршија во музеј.

„Јајцата се во одлична состојба, чоколадото не е допрено со децении. Јајцето од Тери има неверојатно тажна приказна, бидејќи момчето за кое било наменето починало пред Велигден. За жал, за него не знаеме речиси ништо, информациите се засекогаш загубени“, вели Кети Браун, вработена во музејот.