Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Максималната дневна температура ќе се движи од 5 Целзиусови степени во Маврово, Берово 10, Крива Паланка 11, Охрид и Битола 12, Скопје 14, Кавадарци 16, до 17 степени во Дојран.
Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на темпераатурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини на север, прогнозира УХМР Македонија
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 14 до 21 степен.
Во среда ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и температури од 13 до 20, а во четврток ќе имаме слични временски услови со пониски дневни температури од 10 до 17 степени.